LG D373EU Benutzerhandbuch

Seite von 496
66
Пренесување на музика со помош на Медиумско 
синхронизирање (MTP)
1  
Поврзете го телефонот со PC преку USB кабел.
2  
Изберете ја опцијата Медиумско синхронизирање (MTP). Вашиот телефон ќе 
се појави како уште еден хард диск на компјутерот. Кликнете на драјвот за да го 
прегледате. Ископирајте ги фајловите од вашиот PC во фолдерот на драјвот.
3  
Кога ќе завршите со пренесувањето на фајловите, повлечете надолу на статусната 
лентата и допрете USB е поврзан > Полнење на телефон. Потоа можете безбедно да 
го откачите вашиот уред.
ЗАБЕЛЕШКА:
Одредени формати на фајлови не се поддржани, во зависност од софтверот на 
уредот.
Ако големината на фајлот ја надминува достапната меморија, може да дојде до 
грешка при отворање на фајловите.
Авторските права на музичките фајлови можат да бидат заштитени со меѓународни 
договори и државни закони за авторски права. Оттука, можеби ќе биде потребно 
да се добие дозвола или лиценца за репродукција или копирање музика. Во некои 
земји, законот забранува приватно копирање на материјал кој е заштитен со авторски 
права. Пред превземањето или копирањето на фајлот, проверете ги националните 
закони на соодветната земја кои се однесуваат на употребата на ваков вид материјал.
FM радио 
Вашиот телефон располага со вградено FM радио така што вие ќе можете да ги слушате 
омилените станици кога сте во движење. 
ЗАБЕЛЕШКА: За слушање на радиото треба да ги користите слушалките. Вметнете ги во 
приклучокот за слушалки.
Мултимедија