LG G3 D855 oro Betriebsanweisung

Seite von 653
95
Броеви за фиксно бирање – Вклучете и составете листа броеви кои можат 
да бидат повикани од вашиот телефон. Ќе ви биде потребен PIN2 кодот, 
кој ќе го добиете од вашиот оператор. Од вашиот телефон ќе можат да се 
бираат само броевите кои се вклучени во фиксната листа за бирање.
Известување за дојдовен повик – Приказ на известување за дојдовен 
говорен повик при користење на апликација.
Отфрлање на повици – Ви овозможува да ја поставите функцијата за 
отфрлање на повик. Изберете помеѓу Режим на одбиен повик или Одбиј ги 
сите повици од.
Одбиј со порака – Кога сакате да одбиете повик, можете да испратите 
брза порака со помош на оваа функција. Ова е корисно доколку треба да 
отфрлите повик за време на состанок.
Проследување на повици – Изберете дали да се пренасочат сите повици 
кога линијата е зафатена, кога нема одговор и кога не сте достапни.
Автоматски одговор – Поставете го времето на автоматски одговор 
на поврзаниот hands-free уред за влезните повици. Изберете помеѓу 
Исклучено, 1 сек., 3 сек. и 5 сек..
Вибрација при врска – Телефонот вибрира кога другата страна ќе одговори 
на повикот.
Задушување на бучавата – Потиснување на бучавата од околината за време 
на повик.
Засилување на звукот – Подобрување на квалитетот на говорот во бучни 
средини за да се постигне појасно слушање.
Зачувај непознати броеви – Додавање на непознатите броеви во 
контактите по повикот.
Копчето за вкл/иск исклучува повик – Овозможува да изберете како да се 
заврши повикот.
Одговорете на дојдовен повик – Овозможете за да можете автоматски да 
одговорите на дојдовен повик преку поставување на уредот до увото.