Samsung WW12K8412OW Benutzerhandbuch

Seite von 948
Македонски 57 
Отстранување на проблеми
Информативни кодови
Ако машината за перење не може да функционира, на екранот може да се појави информативен код. Погледнете ја 
табелата подолу и применете ги советите.
Код
Дејство
4C
Нема довод на вода.
•  Проверете дали славините за вода се отворени.
•  Проверете дали цревата за вода се затнати.
•  Проверете дали славините за вода се замрзнати.
•  Проверете дали машината за перење функционира при доволен притисок на 
вода.
•  Проверете дали славината за ладна вода и славината за топла вода се 
правилно приклучени.
•  Исчистете го мрежестиот филтер, бидејќи може да е затнат.
4C2
•  Проверете дали цревото за довод на ладна вода е добро приклучено на 
славината за ладна вода. Ако е поврзано на славината за топла вода, 
облеката може да се деформира при користење одредени циклуси.
5C
Водата не оди во одводот.
•  Проверете дали цревото за одвод е замрзнато или затнато.
•  Проверете дали цревото за одвод е правилно поставено, во зависност од 
видот на приклучокот.
•  Исчистете го филтерот за остатоци, бидејќи може да е затнат.
•  Проверете дали цревото за одвод е исправено сè до системот за одвод.
•  Ако информативниот код не исчезне, обратете се во центарот за кориснички 
услуги.
dC
Употребување на машината за перење со отворена врата.
•  Проверете дали вратата е правилно затворена.
•  Проверете дали алиштата се заглавиле на вратата.
OC
Водата се прелева.
•  Рестартирајте го уредот по центрифугата.
•  Ако информативниот код не исчезне од екранот, обратете се во локалниот 
сервисен центар на Samsung.
LC, LC1
Проверете го цревото за одвод.
•  Проверете дали крајот на цревото за одвод е поставено на подот.
•  Проверете дали цревото за одвод е затнато.
•  Ако информативниот код не исчезне, обратете се во центарот за кориснички 
услуги.
Untitled-39   57
2016-04-04     5:19:55