Samsung WW60J3083LW1LE Benutzerhandbuch

Seite von 820
Македонски 41 
Отстранување на проблеми
Точки на проверка
Ако настане проблем кај машината за перење, прво разгледајте ја табелата подолу и применете ги советите.
Проблем
Дејство
Не се активира.
•  Проверете дали машината за перење е приклучена на струја.
•  Проверете дали вратата е правилно затворена.
•  Проверете дали славините за вода се отворени.
•  Притиснете или допрете   
Активирање/Пауза за да ја активирате машината 
за перење.
•  Уверете се дека функцијата Заклучување за деца   не е активна.
•  Пред машината за перење да почне да се полни со вода, таа ќе направи низа 
звуци на кликнување за да провери дали вратата е правилно затворена и да 
изврши брзо тестирање на одводот.
•  Проверете го осигурувачот или ресетирајте го прекинувачот за електричното 
коло.
Доводот на вода не е 
доволен или воопшто 
нема довод на вода.
•  Отворете ја целосно славината за вода.
•  Проверете дали вратата е правилно затворена.
•  Проверете дали цревото за довод на вода е замрзнато.
•  Проверете дали цревото за довод на вода е превиткано или затнато.
•  Проверете дали притисокот на вода е доволен.
По завршување на 
циклусот, во фиоката за 
детергент има остатоци 
од детергентот.
•  Проверете дали машината за перење работи при доволен притисок на вода.
•  Ставајте го детергентот во центарот на фиоката за детергент.
•  Проверете дали капачето за средството за плакнење е правилно поставено.
•  Ако користите детергент со гранули, не заборавајте да го поставите избирачот 
за детергент во горната положба.
•  Отстранете го капачето за средството за плакнење и исчистете ја фиоката за 
детергент.
Создава премногу силни 
вибрации или звуци.
•  Проверете дали машината за перење е инсталирана на нивелиран и цврст под 
кој не е лизгав. Ако подот не е нивелиран, тогаш прилагодете ја висината на 
машината за перење со помош на ногарките за нивелирање.
•  Не заборавајте да ги отстраните транспортните чепови.
•  Проверете дали машината за перење доаѓа во контакт со некој друг предмет.
•  Проверете дали алиштата се рамномерно распоредени.
•  Моторот може да создава звуци при нормално функционирање.
•  Панталоните со прерамки или облеката со метални декорации можат да 
предизвикаат шум за време на перењето. Ова е нормално.
•  Металните предмети, како метални парички, може да предизвикаат шум. По 
перењето, отстранете ги овие предмети од барабанот или кутијата со филтер.
Отстранување на проблеми
Untitled-1   41
8/5/2016   10:31:47 AM