LG E400 User Guide

Page of 614
7
Чување и одржување на 
производот
 
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Користете единствено батерии, 
полначи и дополнителна опрема 
кои се одобрени за употреба со 
овој конкретен модел на телефон. 
Користењето на кои било други видови 
може да поништи секаква потврда или 
гаранција која важи за телефонот, а 
исто така може да биде и опасно.
Не расклопувајте го овој уред. Однесете 
го на квалификуван сервисер доколку е 
потребна негова поправка.
Поправките извршени под гаранција, по 
избор на LG, може да вклучат делови 
или електронски плочи за замена кои ќе 
бидат нови или репарирани, доколку тие 
имаат еднаква функционалност со оние 
делови кои се заменуваат.
Уредот држете го подалеку од 
електрични уреди како на пр. 
телевизори, радиоприемници и 
компјутери.
Уредот држете го подалеку од извори 
на топлина како што се радијаторите и 
шпоретите.
Не дозволувајте да ви падне телефонот.
Немојте да го изложувате уредот на 
механички вибрации или потреси.