LG E400 User Guide

Page of 614
23
Заклучен екран
Секогаш кога LG-E400 не се користи, тој 
се враќа во режим на заклучен екран. 
Повлечете со прстот оддолу нагоре за да 
го отклучите екранот.
Почетен екран 
За приказ на панелите едноставно 
повлечете со прстот налево или надесно. 
Можете да извршите прилагодување на 
секој панел со widget-и, кратенки (кон 
вашите омилени апликации), фолдери и 
слики за заднини. 
ЗАБЕЛЕШКА: Одредени слики на екран може да 
бидат различни во зависност од обезбедувачот 
на телефонот.
На долниот дел од почетниот екран 
можете да ги видите брзите копчиња. 
Брзите копчиња овозможуваат едноставен 
пристап со еден допир до функциите кои 
најчесто ги користите.
 Допрете ја иконата за 
Телефон за 
да се појави површината за бирање на 
екранот на допир заради упатување на 
повик.
 Допрете ја иконата 
Контакти за да ги 
отворите вашите контакти.