LG E400 User Guide

Page of 614
Откако ќе се прикаже екранот за 
хардверското ресетирање, ослободете ги 
останатите копчиња.
Оставете го телефонот најмалку една 
минута додека се врши хардверското 
ресетирање, по што телефонот ќе се 
вклучи.
Внимание: Ако извршите хардверско ресетирање, 
сите апликации и податоци на корисникот ќе 
бидат избришани. Ова дејство е неповратно. Не 
заборавајте да ги архивирате сите важни податоци 
пред да извршите хардверско ресетирање.
6.  Поврзување со Wi-Fi мрежи
За да користите Wi-Fi на телефонот, 
потребно е да пристапите до безжични 
пристапни точки или “жешки точки”. Некои 
пристапни точки се отворени и можете 
едноставно да се поврзете на нив. Други 
пак се скриени или користат безбедносни 
функции; ќе мора да го конфигурирате 
телефонот за да се поврзе со нив.
Исклучете Wi-Fi кога не се користи, за да 
го зголемите траењето на батеријата.