LG D410 Owner's Manual

Page of 508
86
Ниво на батеријата на статусната лента – Штиклирајте за приказ на процентот на 
наполнетост на батеријата, на статусната лента покрај иконата за батерија.
ЗАШТЕДА НА ЕНЕРГИЈА
Допрете го преклопникот за Заштеда на енергија за префрлување помеѓу Вклучено или 
Исклучено. Допрете Заштеда на енергија за пристап до следните поставки:
Вклучи зачувувач на енергија – Поставување на процентот на наполнетост на батеријата 
при кој автоматски ќе се вклучи Заштеда на енергија. Изберете помеѓу Веднаш, 5% 
батерија и 15% батерија.
Помош – Допрете за да погледнете информации за совети за заштеда на енергија.
< Апликации >
Прегледување и управување со апликациите.
< Зададена апликација за пораки >
Поставете ги Пораки или Hangouts како зададени апликации.
< Создај резервна копија и ресетирај >
Променете ги поставките за управување со вашите поставки и податоци.
Арх. на мои податоци – Поставување на архивирање на вашите поставки и апликативни 
податоци на Google сервер. 
Резервна сметка – Поставување на архивирање на вашата сметка. 
Автоматско враќање – Поставување на враќање на вашите поставки и апликативни 
податоци кога ги преинсталирате апликациите на вашиот уред.
Услуга LG Backup – Архивирање на сите информации од уредот и нивно враќање во 
случај на губење на податоците или замена.
Ресетирање и поставување на фабрички податоци – Ресетирање на поставките на 
зададените фабрички вредности и бришење на сите ваши податоци. Ако го ресетирате 
телефонот на овој начин, од вас ќе биде побарано повторно да ги внесете истите 
информации како и при првото активирање на Android.
< Печатење >
Ви овозможува да ги печатите содржините на одредени екрани (како што се веб-страници 
прикажани во Chrome) на печатач поврзан на истата Wi-Fi мрежа како и вашиот Android 
уред.
< За телефонот >
Преглед на правни информации и проверка на статусот на телефонот и верзијата на 
софтверот.
Поставки