LG LGE440 User Guide

Page of 336
20
Важно известување
7.  Префрлување на музика, фотографии и видео со помош на 
Медиумско синхронизирање (MTP)
1  
Допрете 
 > картичката Апликации > Поставки > Меморија од УРЕД за да го проверите 
меморискиот медиум. 
2  
Поврзете го телефонот со PC преку USB кабел.
3  
На екранот од телефонот ќе се прикаже листата на USB тип на поврзување и изберете ја 
опцијата Медиумско синхронизирање (MTP).
4  
Отворете го фолдерот на меморијата на вашиот PC. Можете да ја прегледате содржината на 
меморискиот уред на вашиот PC и да ги префрлите фајловите.
5  
Ископирајте ги фајловите од вашиот PC во фолдерот на драјвот или обратно.
8.  Телефонот држете го во исправена положба
Мобилниот телефон држете го вертикално, како што би држеле и обичен телефон. Телефонот 
има внатрешна антена. Внимавајте да не ја изгребете или оштетите задната страна на телефонот, 
бидејќи тоа може да влијае врз функционирањето.
Кога започнувате/примате повици или испраќате/примате податоци, избегнувајте да го држите 
долниот дел од телефонот каде што се наоѓа антената. Тоа може да влијае на квалитетот на 
повикот.
9.  Кога екранот ќе се "замрзне"
Ако екранот се "замрзне" или телефонот не реагира кога се обидувате да ракувате со 
него:
Притиснете и задржете го копчето за напојување/заклучување 10 секунди за да го исклучите 
телефонот.
Ако телефонот сè уште не работи, обратете се до центарот за услуги.