LG V490 User Guide

Page of 614
19
Важно известување
Ве молиме прочитајте го ова пред да почнете да го 
користите вашиот таблет!
Ве молиме во случај на проблем со вашиот таблет проверете дали истиот е 
опишан овде пред да го однесете таблетот на сервис и пред да се јавите на 
претставник од сервисот.
1.  Меморија на таблетот
Треба да ја проверите меморијата на вашиот таблет и да избришете некои 
податоци, како апликации, за да направите поголема меморија.
За деинсталирање на апликации:
Допрете го 
 > 
 > Апликации јазиче > Поставки 
 > Апликации.
Откако сите апликации ќе се појават, изберете ја апликацијата што сакате 
да ја деинсталирате.
Допрете Деинсталирање или OK за да потврдите.
2.  Пред да инсталирате апликација со отворен код 
и оперативен систем (ОС)
 ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Ако инсталирате и користите оперативен систем различен од оној што е 
предвиден од страна на производителот може да предизвикате вашиот 
таблет да не функционира. Покрај тоа, вашиот таблет веќе нема да биде 
под гаранција.