LG V490 User Guide

Page of 614
27
Оптимизирање на траењето на батеријата
Можете да го продолжите траењето на батеријата меѓу полнењата преку 
исклучување на функциите кои нема потреба постојано да се извршуваат во 
заднина. Исто така можете да надгледувате колку апликациите и ресурсите на 
системот ја трошат батеријата. 
Продолжување на траењето на батеријата
•  Исклучете ги радио-комуникациите кои не ги користите, како Wi-Fi, 
Bluetooth или GPS. 
•  Намалете ја осветленоста на екранот и поставете пократко време на 
истекување на екранот.
•  Исклучете го автоматското синхронизирање на Gmail™, Календар, Контакти 
и другите апликации.
•  Некои апликации кои сте ги превземале може да предизвикаат намалување 
на траењето на батеријата.
•  Додека ги користите превземените апликации, проверете нивото на 
наполнетост на батеријата.
За да го погледнете нивото на наполнетост на батеријата
На почетниот екран, допрете Апликации 
 > Поставки 
 > Околу 
компјутерчето > Батерија.
Статусот на батеријата (полнење или празнење) и нивото се прикажуваат 
во горното мени на екранот.
Надгледување и контрола на употребата на батеријата
На почетниот екран, допрете Апликации 
 > Поставки 
 > Околу 
компјутерчето > Батерија > Употреба на батерија.
На екранот се прикажува времето за користење на батеријата, а исто така 
се набројуваат и апликациите или услугите кои ја употребуваат енергијата 
на батеријата од најголемата до најмалата вредност.