LG V490 User Guide

Page of 614
69
Составување и испраќање e-mail пораки
Додека сте кај E-mail апликацијата, притиснете Составување 
.
Внесете адреса на примателот на пораката. Додека внесувате текст, се 
прикажуваат понудените адреси кои се совпаѓаат од вашите контакти. Ако 
има повеќе адреси, разделете ги со точка-запирка.
Притиснете на Прикачи 
 за да додадете датотеки, ако е потребно.
Внесете го насловот и вашата порака.
Притиснете на Испрати 
 за да ја испратите пораката. 
Ако не сте поврзани на некоја мрежа, на пример, ако работите на режим за 
авион, пораките кои ги праќате ќе се зачуваат во вашиот фолдер Излезно 
сандаче се додека повторно не се поврзете на некоја мрежа. Ако постојат 
пораки кои чекаат да бидат испратени, Излезното сандаче се прикажува на 
екранот Сметки.
Примање на електронска пошта
Кога пристигнува нова е-пошта во вашето сандаче, ќе бидете известени со 
звук или вибрација (во зависност од поставките за звук и вибрации) и икона 
за известувањето ќе се појави на статусната лента.