LG V490 User Guide

Page of 614
112
СИСТЕМ
Копче за брз пристап
Ви овозможува да ги вклучувате и исклучувате кратенките.
Датум и време
Користете ги поставките за Датум и време за да го поставите начинот на 
кој се прикажуваат датумите. Овие поставки можете да ги употребите и за 
поставување на сопствено време и временска зона, наместо да го добивате 
тековното време од мобилната мрежа.
Пристапност
Користете ги поставките за Пристапност за да ги конфигурирате plug-in-ите за 
пристапност кои ги имате инсталирано на вашиот таблет.
ЗАБЕЛЕШКА: Потребни се дополнителни додатоци за да може да се 
изврши избор.
TalkBack – Ви овозможува да поставите Тalkback функција која им помага 
на лицата со оштетен вид преку обезбедување на вербални повратни 
информации. Допрете на прекинувачот TalkBack 
 на горниот десен агол 
на екранот за да го вклучите. Допрете Поставки на дното на екранот за да ги 
прилагодите поставките за TalkBack.
Големина на фонт – Обележете за да се зголеми големината на текстот.
Обратни бои – Обележете за да ги смените боите на екранот и содржината.
Прилагодување боја – Поставува преглед на екранот со поголем контраст 
на бои. Допрете го прекинувачот 
 за да го вклучите. Потоа допрете го 
екранот и повлечете низ екранот во било која насока, додека не го видите 
контрастот на бојата кој сакате да го користите.