LG D295 User Manual

Page of 500
5
Ве молиме прочитајте ги овие едноставни инструкции. Нивното непочитување може да 
биде опасно или противзаконско. 
Доколку настане грешка, во вашиот уред е вградена софтверска алатка која ќе запише 
дневник за евиденција на грешки. Оваа алатка прибира само податоци кои се специфични 
за грешката, како јачина на сигналот, позицијата на мобилниот уред со ID при ненадеен 
прекин на повик и вчитаните апликации. Дневникот за евиденција се користи само за 
да се одреди причината за грешката. Овие дневници за евиденција се шифрирани и до 
нив може да пристапи единствено овластен LG центар за поправки каде би требало да го 
однесете вашиот уред за поправка.
Изложување на радиофреквентна енергија
Информации за изложување на радиобранови и специфична апсорпциона стапка (SAR). 
Овој мобилен телефон - модел LG-D295 е дизајниран за да ги задоволува безбедносните 
барања за изложување на радиобранови. Овие барања се базираат на научни упатства 
кои вклучуваат граници на безбедност потребни да ја гарантираат сигурноста на сите луѓе, 
независно од нивната возраст или здравствена состојба.
Во упатствата за изложување на радиобранови се користи мерна единица позната како 
специфична апсорпциона стапка (SAR). Тестот за SAR се спроведува со употребување на 
стандардни методи при кои телефонот емитува на највисокото потврдено енергетско 
ниво на сите користени фреквентни појаси.
Иако постојат разлики помеѓу нивото на SAR кај различни модели на LG телефони, 
сите тие се дизајнирани да ги задоволат релевантните мерки за изложување на 
радиобранови.
Границата на SAR препорачана од Маѓународната комисија за заштита од нејонизирачко 
зрачење (ICNIRP) е 2W/kg во просек на 10 грама ткиво.
Највисоката вредност на SAR за овој модел на телефон тестиран при поставување на уво 
изнесува 0,751 W/kg (10 g) а при поставеност на тело изнесува 0,673 W/kg (10 g).
Овој уред ги задоволува напатствијата за RF изложеност при користење во нормална 
позиција наспроти увото или при поставување најмалку на 1,5 cm оддалеченост од 
телото. При користење на футрола, прицврстувач за ремен или држач за носење на 
телото, тие не треба да содржат метал и треба да бидат поставени најмалку на 1,5 cm 
оддалеченост од телото. За пренесување на податочни фајлови или пораки, на овој уред 
потребно му е квалитетно поврзување со мрежата. Во некои случаи, пренесувањето 
на податочни фајлови или пораки може да биде одложено додека не се воспостави 
Напатствија за безбедно и ефикасно користење