LG D295 User Manual

Page of 500
31
 ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Ако се наоѓате надвор од областа на покриеност со услуга, можно е вашиот уред да троши 
повеќе енергија од батеријата.
Отворање на панелот за известувања
Повлечете надолу од статусната лента за да се отвори панелот за известувања.
Област за брзи копчиња-преклопници
Допрете на секое копче-преклопник за негово 
вклучување/исклучување. Допрете и задржете на копче 
за да пристапите до менито со поставки за функцијата. За 
да погледнете повеќе копчиња-преклопници, повлечете 
налево или надесно. Допрете 
 за отстранување, 
додавање или преуредување на копчињата-
преклопници.
QSlide апликации
Допрете QSlide апликација за да се отвори како мал 
прозорец на екранот. Допрете 
 за отстранување, 
додавање или преуредување на QSlide апликации.
Допрете за да ги избришете сите известувања. 
Известувања
Се прикажува листа со тековните известувања, секое со 
краток опис. Допрете известување за да го погледнете.
За да го затворите панелот за известувања, допрете и 
повлечете ја картичката кон врвот на екранот.
Икони-индикатори на статусната лента
Иконите-индикатори се прикажуваат на статусната лента на врвот на екранот како 
известувања за нови пораки, настани од календарот, статусот на уредот и друго.