LG D295 User Manual

Page of 500
36
Bluetooth
За разлика од повеќето други мобилни телефони, можете да користите Bluetooth за да 
испратите податоци со активирање на соодветната апликација, а не преку Bluetooth 
менито.
ЗАБЕЛЕШКА:
LG не презема одговорност за загубата, попречувањето или неправилното користење на 
податоците кои се испратени или примени преку Bluetooth безжичната функција.
Секогаш осигурете се дека податоците ги споделувате и примате од уреди кои се 
доверливи и соодветно заштитени. Доколку постојат пречки помеѓу уредите, работното 
растојание може да се намали.
Некои уреди, особено оние кои не се тестирани или одобрени од Bluetooth SIG, може да 
не бидат компатибилни со вашиот уред.
Вклучување на Bluetooth и впарување на вашиот телефон со Bluetooth уред
Пред да се поврзете со друг уред, вашиот уред мора да го впарите со тој уред.
1  
Допрете 
 > 
 > картичката Апликации > Поставки > картичката Мрежи > 
поставете Bluetooth на ВКЛУЧЕНО.
2  
Повторно допрете го менито Bluetooth. Ќе се прикаже опција за да го направите 
вашиот телефон да биде видлив и опција за пребарување на уреди. Потоа допрете 
Пребарај уреди за да ги погледнете уредите кои се во Bluetooth опсегот.
3  
Од листата изберете го уредот со кој сакате да извршите впарување.
Откако ќе се изврши успешно впарување, вашиот уред ќе се поврзе со другиот уред.
ЗАБЕЛЕШКА: Некои уреди, особено слушалките или hands-free комплетите за автомобил, 
може да имаат фиксен Bluetooth PIN, како 0000. Доколку другиот уред има PIN, од вас ќе се 
побара да го внесете.
Испраќање на податоци со помош на Bluetooth безжичната функција
1  
Од соодветната апликација или од Превземање изберете фајл или елемент, како 
контакт, настан од календарот или медиски фајл.
2  
Изберете ја опцијата за испраќање на податоци преку Bluetooth.
Поврзување со мрежи и уреди