LG D295 User Manual

Page of 500
66
Мултимедија
ЗАБЕЛЕШКА: 
Одредени формати на фајлови не се поддржани, во зависност од софтверот на уредот.
Ако големината на фајлот ја надминува достапната меморија, може да дојде до грешка 
при отворање на фајловите.
Авторските права на музичките фајлови можат да бидат заштитени со меѓународни 
договори и државни закони за авторски права. Оттука, можеби ќе биде потребно да 
се добие дозвола или лиценца за репродукција или копирање музика. Во некои земји, 
законот забранува приватно копирање на материјал кој е заштитен со авторски права. 
Пред превземањето или копирањето на фајлот, проверете ги националните закони на 
соодветната земја кои се однесуваат на употребата на ваков вид материјал.
FM радио
Вашиот телефон располага со вградено FM радио така што вие ќе можете да ги слушате 
омилените станици кога сте во движење. 
Допрете 
 > 
 > картичката Апликации > FM радио.
ЗАБЕЛЕШКА: За слушање на радиото треба да ги користите слушалките. Вметнете ги во 
приклучокот за слушалки.