LG D295 User Manual

Page of 500
69
ThinkFree прегледувач
ThinkFree прегледувачот претставува професионално мобилно канцелариско решение 
кое на корисниците им овозможува практично прегледување на различни видови 
канцелариски документи, вклучувајќи Word, Excel и PowerPoint фајлови, насекаде и во 
секое време, со користење на нивните мобилни телефони.
Допрете 
 > 
 > картичката Апликации > Прегледувач ThinkFree.
Прегледување на фајлови
Корисниците на мобилни уреди отсега ќе можат да прегледуваат различни типови 
на фајлови на своите уреди, вклучувајќи Microsoft Office и Adobe PDF документи. При 
прегледување на документи со помош на ThinkFree прегледувачот, објектите и нивниот 
изглед остануваат исти како и во оригиналните документи.
Google+
Оваа апликација ви овозможува да останете во контакт со луѓе преку социјалната мрежа 
на Google.
Допрете 
 > 
 > картичката Апликации > допрете го фолдерот Google > Google+.
ЗАБЕЛЕШКА: Оваа апликација може да биде недостапна во зависност од регионот или 
обезбедувачот на услуги.
Пребарување со говор
Користете ја оваа апликација за пребарување на веб-страници со помош на говор.
1  
Допрете 
 > 
 > картичката Апликации > допрете го фолдерот Google 
Пребарување со говор.
2  
Изговорете клучен збор или фраза кога на екранот ќе се прикаже пораката Зборувајте 
сега. Изберете еден од понудените клучни зборови.
ЗАБЕЛЕШКА: Оваа апликација може да биде недостапна во зависност од регионот или 
обезбедувачот на услуги.