LG D295 User Manual

Page of 500
74
Овој дел нуди преглед на елементи кои можете да ги промените со помош на менијата за 
системски поставки на телефонот.
За да пристапите до менито за Поставки:
Допрете 
 > допрете и задржете на 
 > Системски поставки.
- или -
Допрете 
 > 
 > картичката Апликации > Поставки.
Мрежи
< Две SIM картички >
Можете да ги конфигурирате поставките за две SIM картички.
Тема во боја на SIM – Ви овозможува да ги изберете саканите бои.
Режим за заштеда на трошоци – Секој контакт се додава заедно со доделен SIM при 
додавањето во телефонскиот именик. За време на повикувањето се идентификува 
соодветниот SIM оператор и повикот се врши преку соодветниот SIM операторор. Ова 
овозможува да се користат бенефициите на употребата на ист оператор. 
ЗАБЕЛЕШКА: Режимот за заштеда на трошоци не функционира за време на повик.
Мобилен пренос на податоци – Допрете за штиклирање. Со ова се овозможува 
податочен пристап преку мобилната мрежа. 
SIM картичка за користење – Можете да ја промените зададената податочна мрежа. 
Сите мобилни пакетни услуги (веб, MMS, E-mail итн.) ќе ја користат SIM картичката која е 
избрана за оваа поставка. Кога е вметната само една SIM картичка, зададената податочна 
мрежа се поставува според вметнатата SIM картичка и не е дозволено менување.
ЗАБЕЛЕШКА: Кога е вклучен режимот на работа во авион, Поставките за две SIM картички 
се оневозможени.
Пренос на податоци при roaming – Допрете за штиклирање. Ви овозможува поврзување 
со податочните услуги при roaming.
Поставки