LG D295 User Manual

Page of 500
80
Поставки
< Копчиња на допир на почетна страница >
Поставете ги копчињата на допир на почетна страница кои се прикажуваат во долниот дел 
на сите екрани. Поставете кои од нив да бидат прикажани, нивната позиција на лентата и 
нивниот изглед. Изберете ги копчињата и редоследот, темата и заднината.
< ФОНТ >
Тип на фонт
 – Поставете тип на фонт кој се користи за телефонот и менијата.
Големина на фонт – Поставете големина на фонтот кој се прикажува на телефонот и 
менијата.
< ДРУГИ ПОСТАВКИ ЗА ЕКРАН >
Осветленост
 – Прилагодување на осветленоста на екранот. За најдобри перформанси на 
батеријата, користете ја најмалата осветленост при која удобно гледате.
Автоматско ротирање на екран – Штиклирајте за да поставите телефонот автоматски 
да го ротира екранот во зависност од ориентацијата на телефонот (вертикална или 
хоризонтална).
Време на истекување на екран – Поставување на временскиот период пред екранот 
автоматски да се исклучи.
< НАПРЕДНИ ПОСТАВКИ >
Ефект на исклучување на екран
 – Поставување на ефект на исклучување на екран. 
Изберете помеѓу Ретро ТВ, Црна дупка и Избледување.
Дневно сонување – Допрете го прекинувачот за Дневно сонување за да менувате меѓу 
Вклучено и Исклучено. Опцијата Вклучено овозможува поставениот заштитник за екран да 
се прикаже кога телефонот е во режим на мирување додека е поставен на држачот и/или 
се полни. Изберете од Часовник и Google фотографии.
Општо
< Јазик и внес >
Користете ги поставките за Јазик и внес за да го изберете јазикот за текстовите на вашиот 
телефон и за конфигурирање на тастатурата на екран, вклучувајќи ги и зборовите кои ги 
имате додадено во речникот.