LG D295 User Manual

Page of 500
88
Ажурирање на софтверот на телефонот
Ажурирање на софтвер за LG мобилни телефони преку интернет
За повеќе информации околу користењето на оваа функција, ве молиме посетете ја веб-
страницата http://www.lg.com/common/index.jsp   изберете ја вашата земја и јазик. 
Оваа функција ви овозможува едноставно да извршите ажурирање на firmware на 
телефонот со понова верзија преку интернет, без потреба од посетување на центарот за 
услуги. Оваа функција ќе биде достапна единствено ако и кога LG ќе понуди нова достапна 
верзија на firmware за вашиот уред.
Бидејќи ажурирањето на firmware на мобилниот телефон бара целосно внимание од 
страна на корисникот во текот на процесот, ве молиме внимателно проверете ги сите 
инструкции и белешки кои се појавуваат при секој чекор пред да продолжите понатаму. 
Ви обрнуваме внимание дека отстранувањето на USB податочниот кабел додека трае 
надградбата може сериозно да го оштети телефонот.
ЗАБЕЛЕШКА: LG го задржува правото да понуди нови достапни ажурирања на firmware 
само за избрани модели и по сопствена проценка, и не гарантира достапност на понова 
верзија на firmware за сите модели на телефони.
Ажурирање на софтвер за LG мобилни телефони преку безжичен пренос (OTA)
Оваа функција ви овозможува практично да го ажурирате софтверот на телефонот со 
понова верзија преку безжична мрежа (OTA), без поврзување со USB податочен кабел. 
Оваа функција ќе биде достапна единствено ако и кога LG ќе понуди нова достапна верзија 
на firmware за вашиот уред.
Прво треба да ја проверите верзијата на софтверот на мобилниот телефон: Поставки 
> картичката Општо > За телефонот > картичката Општо > Центар за ажурирање > 
Ажурирање на софтвер > Проверете сега за ажурирање.
ЗАБЕЛЕШКА: Вашите лични податоци од внатрешната меморија на телефонот— вклучувајќи ги 
и информациите за вашата Google сметка и сите други сметки, вашите системски/апликативни 
податоци и поставки, како и сите превземени апликации и вашата DRM лиценца — може да се 
изгубат при процесот на ажурирање на софтверот на телефонот. Заради ова, LG препорачува 
да направите резервна копија на вашите лични податоци пред ажурирањето на софтверот на 
телефонот. LG не презема одговорност за каква било загуба на лични податоци.
ЗАБЕЛЕШКА: Оваа функција зависи од вашиот мрежен оператор, регионот и земјата.
Ажурирање на софтверот на телефонот