LG LGD325 User Guide

Page of 500
78
Известување за дојдовен повик – Приказ на известувања за дојдовните повици додека 
користите фотоапарат и видео записи.
Отфрлање на повици – Ви овозможува да ја поставите функцијата за отфрлање на повик. 
Изберете помеѓу Режим за отфрлање на повици или Отфрли повици од.
Одбиј со порака – Кога сакате да одбиете повик, можете да испратите брза порака со 
помош на оваа функција. Ова е корисно доколку треба да отфрлите повик за време на 
состанок 
Чувар на приватност – Криење на името и бројот на повикувачот за влезни повици.
Автоматски одговор – Поставете го времето на автоматски одговор на поврзаниот 
hands-free уред за влезните повици. Изберете помеѓу Оневозможи, 1 секунда, 3 секунди и 
5 секунди.
Вибрација при врска – Телефонот вибрира кога другата страна ќе одговори на повикот.
Зачувај непознати броеви – Додавање на непознатите броеви во контактите по повикот.
Копче напојув. - заврши повик – Овозможува да изберете како да се заврши повикот.
< Делење & Мрежи >
Wi-Fi пристапно
 – Исто така, вашиот телефон можете да го користите за да овозможите 
мобилна широкопојасна врска. Креирајте “жешка точка” и споделете ја вашата врска. 
За повеќе информации погледнете "Споделување на податочната врска од вашиот 
телефон". 
Bluetooth поврзување – Ви овозможува да поставувите дали преку телефонот ќе се 
споделува интернет врската или не.
Помош – Допрете за да погледнете информации за помош за Wi-Fi “жешка точка” и за 
функциите за Bluetooth делење.
Режим на работа во авион – По поставувањето на Режим на работа во авион, сите 
безжични комуникации ќе бидат оневозможени.
ЗАБЕЛЕШКА: Морате да поставите PIN или лозинка за заклучување на екранот пред да 
можете да го користите просторот за доверливост.
Стандардна апликација за SMS – Ви овозможува поставување на зададена SMS 
апликација.
VPN – Приказ на листа на виртуелни приватни мрежи (VPN) кои претходно сте ги 
конфигурирале. Ви овозможува додавање на различни типови VPN мрежи.
Мобилни мрежи – Поставување опции за податочен roaming, режим на мрежа и 
оператори, имиња на пристапни точки (APN) итн. 
Поставки