LG H955 Owner's Manual

Page of 594
19
Важно известување
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Заради заштита на вашиот телефон и личните податоци, превземајте
апликации единствено од доверливи извори, како на пр. од Play Store™. Ако
постојат апликации кои не се правилно инсталирани на вашиот телефон, тој
може да не работи нормално или може да дојде до сериозна грешка. Мора
да ги деинсталирате таквите апликации заедно со сите придружни податоци
и поставки од телефонот.
4.  Користење на Хардверско ресетирање (Фабричко 
ресетирање)
Ако телефонот треба да биде вратен на првичните поставки и во
првобитната состојба, употребете хардверско ресетирање (фабричко
ресетирање).
1  
Исклучете го напојувањето.
2  
Притиснете и задржете на копчето за напојување/заклучување 
+ копчето за намалување на јачина на звук на задната страна на
телефонот.
3  
Ослободете го копчето за напојување/заклучување кога ќе
се прикаже логото при подигнување, а потоа веднаш повторно
притиснете и задржете на копчето за напојување/заклучување.
4  
Ослободете ги сите копчиња кога ќе се прикаже екранот за
фабричко хардверско ресетирање.
5  
Притиснете ги копчињата за јачина на звук за да изберете ДА, а
потоа притиснете го копчето за напојување/заклучување за да
извршите хардверско ресетирање.