LG H955 Owner's Manual

Page of 594
30
Вашиот почетен екран
ЗАБЕЛЕШКА:
Не притиснувајте премногу силно; екранот на допир е доволно чувствителен
да регистрира и лесно, но сепак одмерено допирање.
Користете го врвот од прстот за да ја допрете саканата опција. Внимавајте да не
ги допрете другите копчиња.
Почетен екран
Почетниот екран е појдовна точка за многу апликации и функции. Тој
ви овозможува да додавате елементи како кратенки за апликации и
додатоци за Google за брз пристап до информациите и апликациите.
Ова е главниот почетен екран и тој е достапен од кое било мени преку
допирање на  .
Статусна лента
Widget
Икони на апликации
Индикатор на локација
Област за брзи копчиња
Копчиња на допир на почетна страница
Прикажува статусни информации за телефонот, вклучувајќи време,
јачина на сигнал, статус на батерија и икони за известувања.