LG H955 Owner's Manual

Page of 594
41
Специјална функција
Вклучи екран
Можете лесно да го активирате или исклучите екранот со двојно
допирање.
Додека екранот е исклучен или е неактивен, набрзина допрете
двапати на средина на екранот за да го активирате. За да го исклучите
екранот, допрете двапати на статусната лента на кој било екран (освен
на визирот на фотоапаратот) или на празниот дел од почетниот екран.
ЗАБЕЛЕШКА: Кога го користите KnockOn за да го активирате екранот,
обрнете внимание да не го покривате сензорот за оддалеченост. Во
спротивно, тоа ќе спречи вклучување на екранот. Оваа функција е наменета
да спречи случајно вклучување на уредот во вашиот џеб или место за чување.
Knock Code
Функцијата Knock Code ви овозможува да го активирате и да го
отклучувате екранот со ваша сопствена шема за Knock Code. Кога е
овозможена, функцијата Knock Code го поделува екранот на 4 дела и
ја користи вашата уникатна комбинација на допири за да го обезбеди
уредот. Можете да ја оневозможите оваа функција во поставките за
заклучување на екран.
ЗАБЕЛЕШКА:
Доколку внесете погрешна комбинација на Knock Code 6 пати, ќе треба да ја
искористите вашата Google сметка за најавување или резервниот PIN.
Користете го врвот од прстот наместо ноктот од прстот за да го допрете
екранот и да го вклучите или исклучите.
Кога функцијата Knock Code не е овозможена, можете да ја користите со
допирање на екранот.
1  
Допрете   >   > картичката Апликации (ако е потребно) >   >
картичката Екран > Заклучен екран > Одберете заклучување на 
екран > Knock Code.