LG H955 Owner's Manual

Page of 594
69
Фотоапарат и видео записи
Галерија
Функцијата Галерија ви овозможува да ги прегледувате и да
управувате со вашите слики и видео записи.
Допрете   >   > картичката Апликации (доколку е потребно) >
.
ЗАБЕЛЕШКА:
Во зависност од инсталираниот софтвер, одредени формати на фајлови може
да не бидат подржани.
Одредени фајлови може да не се репродуцираат правилно поради нивното
кодирање.
Прегледување на слики
Галеријата ги прикажува вашите слики во фолдери. Кога некоја
апликација, како на пр. E-mail, ќе зачува некоја слика, автоматски ќе
се креира фолдер за преземање во кој ќе биде сместена сликата. Исто
така, ако направите снимка на екранот, автоматски се креира фолдер
Снимки на екран.
Сликите се прикажуваат во фолдер по датумот на создавање.
Изберете слика за да ја прикажете на целиот екран. Придвижете се
налево или надесно за да ја видите следната или претходната слика.
Зголемување и намалување на зумот
Употребете еден од следните начини за зголемување или намалување
на зумот кај слики:
Допрете двапати во која било точка на сликата за да го зголемите
зумот.