LG H955 Owner's Manual

Page of 594
86
Поставки
Броеви за фиксно бирање – Ви овозможува да управувате и
составувате листа на броеви кои можат да бидат повикани од
вашиот телефон. Ќе ви биде потребен PIN2 кодот, кој ќе го добиете
од вашиот оператор. По активирањето, од вашиот телефон ќе
можат да се бираат само броевите од фиксната листа за бирање.
Известување за дојдовен повик – Приказ на известување за
дојдовен повик при користење на апликација.
Отфрлање на повици – Ви овозможува да ја поставите функцијата
за одбивање на повик.
Одбиј со порака – Кога сакате да одбиете повик, можете да
испратите брза порака со помош на оваа функција. Ова е корисно
доколку треба да одбиете повик за време на состанок.
Проследување на повици – Ви овозможува да изберете кога
сакате да проследувате повици.
Автоматски одговор – Поставете го времето на автоматски
одговор на поврзаниот hands-free уред за влезните повици.
Вибрација при врска – Телефонот вибрира кога другата страна ќе
одговори на повикот.
Задушување на бучавата – Потиснување на бучавата од
околината за време на повик.
Чистота на глас  – Подобрување на квалитетот на говорот во
бучни средини за да се постигне појасно слушање.
Зачувај непознати броеви – Ви овозможува да ги додавате
непознатите броеви во контактите по повикот.
Копчето за вкл/иск исклучува повик– Ви овозможува да го
користите копчето за напојување за да завршувате повици.
Забрана за повик – Заклучување на влезни, излезни или
меѓународни повици.