LG H955 Owner's Manual

Page of 594
91
Поставки
Звуци на заклучување на екран – Штиклирајте за репродукција на
звук при заклучување и отклучување на екран.
Гласовни известувања за порака/повик
Допрете го преклопникот Гласовни известувања за порака/повик
за префрлување помеѓу Вклучено или Исклучено. Опцијата Вклучено
овозможува вашиот телефон автоматски да ве известува при влезни
повици и пораки.
Екран
< ПОЧЕТНА СТРАНИЦА & ЗАКЛУЧИ > 
Почетен екран
Cелектирај почетно – Поставете го Почетна Страница или
EasyHome како зададен почетен екран.
Smart Bulletin – Допрете го преклопникот за Smart Bulletin за
префрлување помеѓу Вклучено или Исклучено. Со активирање
на оваа функција се додава дополнителен почетен екран кој ги
прикажува прилагодените информации. Штиклирајте LG Health,
или Smart Tips.
Тема - Поставување на темата на екранот за вашиот уред. Можете
да преземате нови теми од LG SmartWorld.
Слика за заднина – Ја поставува сликата за заднина на вашиот
почетен екран.
Ефект на екран – Изберете го саканиот тип на ефектот кој ќе се
прикаже кога брзо ќе повлечете од една слика на почетниот екран
кон наредната.
Дозволи кружење на почетниот екран – Се прикажува првиот
екран по последниот при придвижување на почетниот екран.