LG H955 Owner's Manual

Page of 594
96
Поставки
Начин на работа – Ви овозможува да го изберете режимот
за локација од Голема прецизност (GPS и мрежи), Штедење 
батерија (Само мрежи) и Само сензорите на уредот (само GPS).
Фотоапарат – Штиклирајте за да означувате фотографии или
видео снимки со нивните локации каде што биле снимени.
Известување за локација на Google – Ви овозможува да ги
прегледувате и да управувате со поставките за локација на Google.
Сметки и синхронизација
На апликациите им дозволува да ги синхронизираат податоците
во заднина, без разлика дали вие активно работите со нив.
Деактивирањето на изборот на Автоматско синхронизирање на 
податоци може да ја заштеди батеријата и да го намали (но не и да го
спречи) користењето на податоци.
Облак
Ви овозможува да додадете "Cloud" сметка за брзо и лесно користење
на cloud услугите.
Пристапност
Користете ги поставките за Пристапност за конфигурирање на
додатоци за олеснување на пристапот кои ги имате инсталирано на
телефонот.
ЗАБЕЛЕШКА: Потребни се дополнителни додатоци за да може да се изврши
избор.
Дејство со една рака
Табла со броеви за бирање – Штиклирајте за да овозможите
преместување на тастатурата за бирање кон десната или левата
страна на уредот. Едноставно допрете ја стрелката за извршите
преместување кон едната или другата страна.