LG LGK120E User Guide

Page of 462
Основи
41
LG Bridge
LG Bridge е апликација која ви помага уредно да управувате на 
компјутер со вашите слики, музика, видео записи, документи, итн. 
зачувани на LG уред. Исто така, можете да ги архивирате фајловите 
како што се контактите или сликите на вашиот компјутер или да го 
ажурирате софтверот на уредот.
 ЗАБЕЛЕШКА 
Можете да погледнете детални инструкции за начинот на користење на 
LG Bridge во менито Помош откако ќе го инсталирате и ќе го отворите 
програмот. 
Поддржаните функции може да се разликуваат во зависност од уредот. 
LG унифицираниот USB драјвер е програм кој е потребен за 
поврзување на LG уред со компјутер. Тој автоматски се инсталира при 
инсталирањето на LG Bridge.
Функции на LG Bridge 
Управување со содржините од вашиот уред на компјутер преку 
Wi-Fi или податочна врска.
Архивирање и враќање на податоците на вашиот уред преку 
USB.
Ажурирање на софтверот на уредот на компјутер преку USB. 
За да го преземете софтверот LG Bridge
1  
Посетете ја страницата www.lg.com.
2  
Допрете го копчето Пребарување и внесете го името на моделот 
за да се изврши пребарување за моделот.
3  
Изберете ги информациите за моделот и кликнете ОДИ.
4  
Придвижете се надолу и изберете ја картичката PC 
СИНХРОНИЗАЦИЈАWindows или Mac OS > ПРЕЗЕМАЊЕ за да 
ја преземете LG Bridge.