LG G4 s User Guide

Page of 534
Добредојдовте!
Ви благодариме што го одбравте LG. За безбедна и правилна употреба, 
внимателно прочитајте го ова упатство за користење пред да го искористите 
уредот за првпат.
Секогаш користете оригинална LG дополнителна опрема. Испорачаните 
елементи се изработени само за овој уред и може да не бидат компатибилни 
со другите уреди.
Овој уред не е погоден за лица со оштетен вид заради тастатурата на 
екранот на допир.
Описите се базираат на зададените поставки на производот.
Зададените апликации на уредот подлежат на ажурирања, а поддршката 
за овие апликации може да биде повлечена без претходно известување. 
Доколку имате прашања во врска со апликациите овозможени со уредот, 
обратете се на центарот за услуги на LG. За апликации инсталирани од 
корисникот, обратете се на соодветниот обезбедувач на услуги.
Менувањето на оперативниот систем на уредот или инсталирањето на 
софтвер од неофицијални извори може да го оштети уредот и да доведе 
до оштетување или губење на податоците. Таквите дејства ќе го нарушат 
вашиот договор за лиценца со LG и ќе ја поништат гаранцијата.
Одредени содржини и илустрации може да се разликуваат од вашиот уред 
во зависност од регионот, обезбедувачот на услуги, верзијата на софтверот 
или верзијата на OS, и тие подлежат на промени без претходно известување.
Известувања со инструкции
 ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ситуации кои може да доведат до ваша лична или до 
повреда на други лица
Внимание!
ситуации кои може да предизвикаат оштетување на 
уредот или на другата опрема
ЗАБЕЛЕШКА
известување или дополнителна информација
СОВЕТ!
совет при користење на функцијата
МАКЕДОНСКИ