LG G4 s User Guide

Page of 534
4
Напатствија за безбедно и ефикасно користење
Ве молиме прочитајте ги овие едноставни инструкции. Нивното 
непочитување може да биде опасно или противзаконско. 
Доколку настане грешка, во вашиот уред е вградена софтверска 
алатка која ќе запише дневник за евиденција на грешки. Оваа алатка 
прибира само податоци кои се специфични за грешката, како јачина 
на сигналот, позицијата на мобилниот уред со ID при ненадеен 
прекин на повик и вчитаните апликации. Дневникот за евиденција се 
користи само за да се одреди причината за грешката. Овие дневници 
за евиденција се шифрирани и до нив може да пристапи единствено 
овластен LG центар за поправки каде би требало да го однесете 
вашиот уред за поправка.
Изложување на радиофреквентна енергија
Информации за изложување на радиобранови и специфична 
апсорпциона стапка (SAR). 
Овој мобилен телефон - модел LG-H735 е дизајниран за да ги 
задоволува безбедносните барања за изложување на радиобранови. 
Овие барања се базираат на научни упатства кои вклучуваат граници 
на безбедност потребни да ја гарантираат сигурноста на сите луѓе, 
независно од нивната возраст или здравствена состојба.
 
Во упатствата за изложување на радиобранови се користи мерна 
единица позната како специфична апсорпциона стапка (SAR). 
Тестот за SAR се спроведува со употребување на стандардни 
методи при кои телефонот емитува на највисокото потврдено 
енергетско ниво на сите користени фреквентни појаси.
 
Иако постојат разлики помеѓу нивото на SAR кај различни 
модели на LG телефони, сите тие се дизајнирани да ги задоволат 
релевантните мерки за изложување на радиобранови.
Напатствија за безбедно и ефикасно користење