LG G4 s User Guide

Page of 534
12
Напатствија за безбедно и ефикасно користење
 
Секогаш извадете го полначот од ѕидниот приклучок откако 
телефонот целосно ќе се наполни, за да избегнете непотребна 
потрошувачка на енергија на полначот.
 
Реалното траење на батеријата зависи од конфигурацијата на 
мрежата, поставките на производот, начинот на користење, како и 
состојбата на батеријата и околината.
 
Внимавајте никакви остри предмети како на пр. заби од животни 
или нокти да не дојдат во контакт со батеријата. Ова може да 
предизвика пожар.
Известување за софтвер со отворен код
За да го добиете изворниот код според GPL, LGPL, MPL и другите лиценци 
за отворен изворен код кој се користи кај овој производ, посетете ја 
страницата http://opensource.lge.com .
Покрај изворниот код, достапни за превземање се и сите наведени одредби 
на лиценца, одрекувања од одговорност и известувања за авторски права.
LG Electronics исто така ќе ви обезбеди отворен изворен код на CD-ROM 
диск за одреден надоместок кој го покрива трошокот за вршење на 
дистрибуцијата (како трошокот за медиумот, испораката и ракувањето) по 
доставено e-mail барање до opensource@lge.com. Оваа понуда е валидна 
три (3) години од датумот на купување на производот.