LG G4 s User Guide

Page of 534
24
Запознавање со вашиот телефон
 ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Употребувајте само полначи, батерии и кабли кои се одобрени од LG. 
Доколку користите неодобрени полначи, батерии или кабли, тоа може 
да предизвика забавено полнење на батеријата. Или пак, ова може да 
предизвика експлозија на батеријата или оштетување на уредот, што не е 
опфатено со гаранцијата.
Приклучокот за полначот се наоѓа на долната страна од телефонот. 
Вметнете го полначот и потоа поврзете го во штекер.
ЗАБЕЛЕШКА 
Немојте да го отворате задното капаче додека телефонот се полни.
Вметнување на мемориска картичка
Вашиот уред поддржува microSD картички до 2TB. Во зависност 
од производителот и типот на мемориската картичка, одредени 
мемориски картички може да не бидат компатибилни со вашиот уред.