LG G4 s User Guide

Page of 534
28
Вашиот почетен екран
Совети за екранот на допир
Еве неколку совети како да се движите низ содржините на вашиот 
телефон.
 
Допир – Со едно допирање со прст се избираат елементи, 
линкови, кратенки и букви на тастатурата на екранот.
 
Допрете и држите – Допрете и задржете елемент на екранот 
преку допирање и неподигнување на прстот додека не се случи 
одредено дејство.
 
Повлекување со задржување – Допрете и задржете на елемент 
за момент и потоа, без подигнување на прстот, придвижете го 
по екранот додека не ја достигнете целната позиција. Можете да 
повлекувате елементи на почетниот екран за да ги преместите.
 
Повлечи или лизгај – За да повлечете или лизгате, брзо движете 
го вашиот прст по површината на екранот, без паузирање кога прв 
пат ќе го допрете (така што не влечете икона наместо тоа).
 
Двоен допир – Допрете двапати за зумирање на веб-страница или 
мапа.
 
Стисни-за-зум  – Употребете ги палецот и показалецот во 
движење со стискање или ширење за да зумирате или одзумирате 
при користење на пребарувачот, мапите или кога прегледувате 
слики.
 
Завртување на екранот – Кај многу апликации и менија, 
ориентацијата на екранот се прилагодува на физичката 
ориентација на уредот.
Вашиот почетен екран