LG G4 s User Guide

Page of 534
80
Поставки
 
Wi-Fi пристапно – Исто така, вашиот телефон можете да го 
користите за да овозможите мобилна широкопојасна врска. 
Креирајте “жешка точка” и споделете ја вашата врска. 
 
Bluetooth поврзување – Ви овозможува да се поврзувате на 
други уреди преку Bluetooth.
 
Помош – Прикажува помошни информации во врска со USB 
делењето, Wi-Fi “жешките точки” и Bluetooth поврзувањето.
Повеќе
 
Режим на работа во авион – Режимот на работа во авион (режим 
на летање) ви овозможува да користите разни функции на вашиот 
телефон, како игри и музика, кога се наоѓате на место каде што 
воспоставувањето или примањето повици или користењето на 
податоци е забрането. Кога ќе го поставите телефонот во режим 
на работа во авион, тој не може да остварува или да прима повици 
или да пристапува до онлајн податоци.
 
Мобилни мрежи – Ова мени ви овозможува да конфигурирате 
разни поставки за мобилната мрежа.
 
VPN – Од вашиот телефон можете да додавате, поставувате 
и управувате со виртуелни приватни мрежи (VPN) кои ви 
овозможуваат да се поврзете и да пристапите до ресурси во 
рамките на обезбедена локална мрежа, како на пример вашата 
корпоративна мрежа.