LG G4 s User Guide

Page of 534
89
Поставки
биде од помош за корисниците со ограничувања во движењето 
кои ги спречуваат во директната интеракција со вашиот уред.
Копче за брз пристап
Добијте брз пристап до апликациите со притиснување и задржување 
на копчето за јачина на звук кога екранот е исклучен или заклучен.
< ПРИВАТНОСТ >
Безбедност 
Користете го менито за сигурност за да конфигурирате на кој начин да 
се зголеми безбедноста на телефонот и неговите податоци.
 
Заклучена содржина – Изберете тип на заклучување за да 
заклучувате фајлови за QuickMemo+.
 
Шифрирај телефон – Ви овозможува да ги шифрирате 
податоците на телефонот за поголема сигурност. Ќе биде потребно 
да внесете PIN или лозинка за дешифрирање на телефонот при 
секое негово вклучување.
 
Шифрирај меморија на SD картичка – Шифрирајте ги 
податоците на SD картичката и чувајте ги како недостапни за 
другите уреди.
 
Поставување заклучување на SIM картичка – Поставете 
заклучување на SIM картичката со PIN или извршете промена на 
PIN.
 
Пишувањето лозинка е видливо – Штиклирајте за прикажување 
на секој знак од лозинката додека внесувате, за да можете да 
видите што внесувате.
 
Администратори на уред – Преглед или деактивирање на 
администраторите на телефонот.
 
Непознати извори – Овозможување на инсталирање на 
апликации кои не се од Play Store.
 
Верификувај апликации – Оневозможување или 
предупредување пред инсталирање на апликациите кои може да 
бидат опасни.