LG G4 s User Guide

Page of 534
98
Околу упатството за користење
Околу упатството за користење
 
Пред да започнете со користење на уредот, ве молиме внимателно 
прочитајте го овој водич. Со ова ќе бидете сигурни дека телефонот 
го користите безбедно и правилно.
 
Некои слики и снимки на екранот од ова упатство може да 
изгледаат различно на вашиот телефон.
 
Вашата содржина може да се разликува од конечниот производ 
или од софтверот кој го испорачуваат обезбедувачите на услуги 
или операторите. Оваа содржина подлежи на промени без 
претходно известување. Најновата верзија од овој водич можете 
да ја преземете од веб-сајтот на LG преку www.lg.com.
 
Апликациите на вашиот телефон и нивните функции може да се 
разликуваат во зависност од земјата, регионот или хардверските 
спецификации. Компанијата LG нема да биде одговорна за какви 
било проблеми со функционирањето кои произлегуваат од 
користењето апликации кои не ги развила компанијата LG.
 
Компанијата LG нема да биде одговорна за какви било проблеми 
со функционирањето или некомпатибилности кои се последица 
на уредувањето на поставките на регистарот или менувањето 
на оперативниот систем. Секој обид за прилагодување на 
оперативниот систем може да предизвика уредот или неговите 
апликации да не работат правилно.
 
Софтверот, звучните записи, заднините, сликите и другите 
медиски содржини испорачани со уредот се понудени со лиценца 
за ограничена употреба. Ако ги издвоите и користите овие 
материјали за комерцијални или други цели, можно е да вршите 
прекршување на законите за заштита на авторските права. Како 
Околу упатството за користење