LG G4 s User Guide

Page of 534
83
Поставки
 
Гласовни известувања за порака/повик – Му овозможува на 
уредот автоматско читање на дојдовен повик и порака.
Екран
< ПОЧЕТНА СТРАНИЦА & ЗАКЛУЧИ > 
Почетен екран
 
Cелектирај почетно – Изберете ја саканата тема на почетен 
екран. Изберете помеѓу Почетна Страница (стандарден Android 
изглед) или EasyHome (поедноставена верзија за корисниците кои 
не се толку запознаени со навигацијата на Android).
 
Тема – Ја поставува темата на екранот на вашиот уред. Можете да 
преземате нови теми од LG SmartWorld.
 
Слика за заднина – Ја поставува сликата за заднина на вашиот 
почетен екран.
 
Ефект на екран – Изберете го саканиот тип на ефектот кој ќе се 
прикаже кога брзо ќе повлечете од една слика на почетниот екран 
кон наредната.
 
Дозволи кружење на почетниот екран – Штиклирајте за да 
дозволите континуирано прелистување на почетниот екран 
(враќање на првиот екран по последниот екран).
 
Помош – Прикажува помошни информации за почетниот екран.
Заклучен екран
 
Одберете заклучување на екран – Поставете тип на заклучување 
на екранот за поголема безбедност на телефонот. Ќе се прикажат 
неколку екрани кои ќе ве поведат низ постапката за исцртување 
облик за отклучување на екранот. Ако сте овозможиле тип со 
облик за отклучување кога го вклучувате вашиот телефон или 
го активирате екранот, од вас ќе биде побарано да го нацртате 
вашиот облик за отклучување за да го отклучите екранот.