LG D373EU User Manual

Page of 496
7
Немојте да го изложувате уредот на прекумерни количества дим или прав.
Телефонот држете го подалеку од кредитни картички или возни билети; може да влијае 
на информациите од магнетните ленти.
Не допирајте го екранот со остри предмети, бидејќи тоа може да го оштети телефонот.
Не изложувајте го телефонот на течности или влага.
Дополнителната опрема како слушалките користете ја претпазливо. Немојте непотребно 
да ја допирате антената.
Немојте да користете, допирате или да се обидувате да отстраните или поправите 
скршено, оштетено или пукнато стакло. Оштетувањето на стаклото не екранот заради 
груба или неправилна употреба не е покриено со гаранцијата.
Вашиот телефон е електронски уред кој генерира топлина за време на нормалното 
работење. Екстремно долгиот директен допир со кожата во отсуство на соодветна 
вентилација може да резултира со непријатно чувство и помали изгореници. Затоа, 
внимателно ракувајте со телефонот за време, или непосредно по користењето.
Ако телефонот се наводени, веднаш откачете го напојувањето и оставете го целосно да 
се исуши. Не обидувајте се да го забрзате процесот на сушење со надворешен извор на 
топлина, како печка, микробранова печка или фен за коса. 
Течноста во наводенетиот телефон ќе ја промени бојата на ознаката на производот во 
внатрешноста на телефонот. Оштетувањето на уредот како резултат на изложување на 
течност не е опфатено со гаранцијата.
Ефикасно користење на телефонот
Електронски уреди
Кај сите мобилни телефони може да се јават пречки, кои може да влијаат на работата.
Не употребувајте го вашиот мобилен телефон во близина на медицинска опрема без да 
побарате дозвола. Избегнувајте да го ставате телефонот во близина на пејсмејкер, на 
пример, во вашиот горен џеб.
Кај одредени помагала за слушање може да се јават пречки заради мобилните телефони.
Помали пречки може да се јават кај телевизорите, радиоприемниците, компјутерите, итн.
Користете го вашиот телефон на температури помеѓу 0ºC и 40ºC, доколку е можно. 
Изложувањето на вашиот телефон на екстремно високи или ниски температури може да 
резултира со оштетување, неправилна работа, па дури и експлозија.