LG D373EU User Manual

Page of 496
14
Важно известување
Додека ги користите превземените апликации, проверете нивото на наполнетост на 
батеријата.
За да го проверите нивото на наполнетост на батеријата:
Притиснете 
 >   > картичката Апликации > Поставки > картичката Општо > За 
телефонот > Општо > Батерија.
Статусот на батеријата (полнење или празнење) и нивото на батеријата (процент на 
наполнетост) се прикажуваат на горниот дел од екранот.
За надгледување и контрола на трошењето на батеријата:
Притиснете 
 >   > картичката Апликации > Поставки > картичката Општо > За 
телефонот > Општо > Батерија > Користење на батеријата.
Времето на користење на батеријата се прикажува на екранот. Тоа покажува колку време е 
поминато од последното поврзување на телефонот на извор за напојување, или - доколку 
сте поврзани во моментот, колку долго сте ја користеле батеријата последниот пат. На 
екранот се прикажани апликациите или услугите кои ја користат батеријата, подредени во 
редослед од најголема кон најмала потрошувачка.
3.  Пред инсталирање на апликации и ОС со отворен 
изворен код
 ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Доколку на вашиот телефон инсталирате и користите ОС различен од оној кој е 
обезбеден од производителот, тоа може да предизвика неправилно функционирање на 
телефонот. Дополнително, вашиот телефон веќе нема да биде покриен со гаранцијата.
 ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Заради заштита на вашиот телефон и личните податоци, превземајте апликации 
единствено од доверливи извори, како на пр. од Play Store™. Ако постојат апликации 
кои не се правилно инсталирани на вашиот телефон, тој може да не работи нормално 
или може да дојде до сериозна грешка. Мора да ги деинсталирате таквите апликации 
заедно со сите придружни податоци и поставки од телефонот.