LG D373EU User Manual

Page of 496
17
1  
Допрете и задржете на копчето за мени 
. Ќе се прикаже листа на неодамна 
користените апликации.
2  
Допрете ја апликацијата до која сакате да пристапите. Со ова нема да се прекине 
претходната апликација која ќе се извршува во заднина на телефонот. Не заборавајте 
да го допрете копчето Назад 
 за да затворите одредена апликација по нејзиното 
користење.
За запирање на апликации, допрете Управувач со задачи од листата на последни 
користени апликации, а потоа допрете Стоп или Запри сè.
За отстранување на апликација од листата на последни користени апликации, повлечете 
го прегледот на апликацијата налево или надесно. За да ги избришете сите апликации, 
допрете Избриши сè. 
7.  Префрлување на музика, фотографии и видео со 
помош на Медиумско синхронизирање (MTP)
1  
Притиснете 
 > 
 > картичката Апликации > Поставки > картичката Општо > 
Меморија за да го проверите меморискиот медиум. 
2  
Поврзете го телефонот со PC преку USB кабел.
3  
На екранот од телефонот ќе се прикаже Изберете режим на USB поврзување и 
изберете ја опцијата Медиумско синхронизирање (MTP).
4  
Отворете го фолдерот на меморијата на вашиот PC. Можете да ја прегледате 
содржината на меморискиот уред на вашиот PC и да ги префрлите фајловите од 
компјутерот во фолдер на меморијата на уредот или обратно.
8.  Телефонот држете го во исправена положба
Мобилниот телефон држете го вертикално, како што би држеле и обичен телефон. 
Телефонот има внатрешна антена. Внимавајте да не ја изгребете или оштетите задната 
страна на телефонот, бидејќи тоа може да влијае врз функционирањето.
Кога започнувате/примате повици или испраќате/примате податоци, избегнувајте да 
го држите долниот дел од телефонот каде што се наоѓа антената. Тоа може да влијае на 
квалитетот на повикот.