LG D373EU User Manual

Page of 496
36
Поврзување со мрежи и уреди
Wi-Fi
Со Wi-Fi, можете да добиете брз интернет пристап во рамките на областа на покривање на 
безжичната пристапна точка (AP). Уживајте во безжичниот интернет со користење на Wi-Fi, 
без дополнителни трошоци. 
Поврзување со Wi-Fi мрежи
За да користите Wi-Fi на телефонот, потребно е да пристапите до безжични пристапни 
точки или ‘жешки точки’. Некои пристапни точки се отворени и можете едноставно да се 
поврзете на нив. Други пак се скриени или користат безбедносни функции; ќе мора да го 
конфигурирате телефонот за да се поврзе со нив.
Исклучете Wi-Fi кога не се користи, за да го зголемите траењето на батеријата. 
ЗАБЕЛЕШКА: Доколку сте надвор од Wi-Fi зоната или сте го поставиле Wi-Fi на 
ИСКЛУЧЕНО, можно е пресметување на дополнителни трошоци од страна на вашиот 
мобилен оператор заради користење на мобилен пренос на податоци. 
Вклучување на Wi-Fi и поврзување со Wi-Fi мрежа
1  
Притиснете 
 > 
 > картичката Апликации > Поставки > картичката Мрежи > 
Wi-Fi.
2  
Поставете Wi-Fi на ВКЛУЧЕНО за негово вклучување и започнување со скенирање на 
достапни Wi-Fi мрежи.
3  
Повторно допрете го менито Wi-Fi за да погледнете листа на активните и достапните 
Wi-Fi мрежи.
Безбедните мрежи се означени со икона за заклученост.
4  
Допрете мрежа за да се поврзете на неа.
Ако мрежата е безбедна, од вас ќе се побара да внесете лозинка или други податоци. 
(За повеќе детали обратете се до администраторот на мрежата)
5  
На статусната лента се прикажуваат икони кои го означуваат Wi-Fi статусот.