LG D373EU User Manual

Page of 496
52
Одново поставување на сите зададени поставки на фотоапаратот.
СОВЕТ!
Кога излегувате од фотоапаратот, одредени поставки ќе се вратат на нивните 
зададени вредности, како балансот на белата боја, тонот на бојата, тајмерот и 
режимот на снимање. Направете проверка пред снимање на наредната фотографија.
Менито Поставки е поставено преку визирот, така што при промена на елементи на 
бојата или квалитетот на фотографијата, вие ќе ја видите промената на екранот зад 
менито Поставки.
Брзо фотографирање 
1  
Отворете ја апликацијата Фотоапарат и насочете го објективот кон објектот што 
сакате да го фотографирате.
2  
Во центарот на визирот ќе се појават рамки за фокусирање. Исто така, можете да 
допрете каде било на екранот за фокусирање во таа точка.
3  
Кога правоаголникот за фокусирање ќе добие зелена боја, фокусирањето на објектот 
е завршено.
4  
Допрете   за снимање на фотографијата.
Откако ќе снимите фотографија
За да ја погледнете последната фотографија која сте ја снимиле, допрете ја малата слика на 
дното на екранот на фотоапаратот. 
Допрете за веднаш да снимите уште една фотографија.
Допрете за испраќање на вашата фотографија на други лица или за 
споделување преку услугите на социјални мрежи.
Допрете за да ја избришете фотографијата.
Фотоапарат