LG D373EU User Manual

Page of 496
55
Користење на напредните поставки
Користејќи го визирот, допрете   за да ги отворите сите напредни опции. 
Допрете за поставување на големината (во пиксели) на видео записот кој го 
снимате.
Со ова се одредува и контролира количеството на сончева светлина кое 
навлегува во објективот. Повлечете го индикаторот за осветленост по лентата 
кон “-” за видео запис со пониска осветленост, или кон “+” за видео запис со 
повисока осветленост.
Го подобрува квалитетот на бојата при различни услови на осветлување.
Изберете тон на боја кој сакате да се користи за новиот поглед.
Активирајте за да ги користите услугите за лоцирање.
ЗАБЕЛЕШКА: Оваа функција е достапна само кога е активен GPS или кога е 
поврзана мрежата.
Изберете дали копчето за јачина на звук ќе се користи за снимање или 
зумирање. 
Изберете меморија за зачувување на видео записите. 
Се отвора водич за помош да дознаете како работи одредена функција.
Одново поставување на сите зададени поставки на фотоапаратот.
Брзо снимање на видео
1  
Отворете ја апликацијата Фотоапарат и повлечете го копчето за Видео режим
2  
Визирот на видео камерата ќе се појави на екранот.
3  
Држејќи го телефонот, насочете го објективот кон објектот кој сакате да го снимите во 
видео записот.
4  
Допрете   еднаш за да започне снимањето.
5  
На горниот лев дел од визирот ќе се појави црвена светилка, заедно со тајмер кој ја 
прикажува должината на видео записот.