LG D373EU User Manual

Page of 496
61
Галерија
Отворете ја апликацијата Галерија за да ги прегледате вашите албуми со слики и видео 
записи.
Притиснете 
 >   > картичката Апликации > Галерија
Можете да управувате и да ги споделувате вашите фајлови со слики и видео записи со 
Галерија.
ЗАБЕЛЕШКА:
Одредени формати на фајлови не се поддржани во зависност од софтверот кој е 
инсталиран на уредот.
Некои фајлови можно е да не се репродуцираат правилно, во зависност од тоа како 
се кодирани.
Прегледување на слики
Активирајте ја функцијата Галерија за да се прикажат достапните фолдери. Кога некоја 
друга апликација, како на пр. E-mail, ќе зачува некоја слика, автоматски ќе се креира 
фолдер за превземање во кој ќе биде сместена сликата. Исто така, ако направите снимка 
на екранот, автоматски се креира фолдер Снимки на екран. Изберете фолдер за да го 
отворите.
Во рамките на фолдерот, сликите се прикажани според датумот на креирање. Изберете 
слика за да ја прикажете на целиот екран. Придвижете се налево или надесно за да ја 
видите следната или претходната слика.
Зголемување и намалување на зумот
Употребете еден од следните начини за зголемување или намалување на зумот кај слики:
Допрете двапати во која било точка на сликата за да го зголемите зумот.
Раздвојте два прсти од која било точка на сликата за да го зголемите зумот. Приближете 
ги двата прсти за да го намалите зумот, или допрете двапати за да се вратите на 
нормален приказ.
Репродуцирање на видео записи
Во режим на преглед, видео фајловите се означени со иконата 
. Изберете го видео 
записот кој сакате да го погледнете и допрете 
. Ќе се активира апликацијата Видео.
Мултимедија