LG D373EU User Manual

Page of 496
72
Интернет
Интернет
Оваа апликација користете ја за пребарување на интернет. Пребарувачот ви овозможува 
еден динамичен и живописен свет на игри, музика, новости, спорт, забава и многу други 
содржини директно на вашиот мобилен телефон, без разлика каде се наоѓате и што ве 
интересира.
ЗАБЕЛЕШКА: При поврзувањето на овие услуги и превземањето содржини се 
пресметува дополнителен трошок. Проверете ги податоците за трошоците кај вашиот 
мрежен оператор.
1  
Притиснете 
 > 
 > картичката Апликации > Интернет.
Користење на лентата за интернет алатки
Допрете ја лентата и повлечете ја нагоре со прстот за да се отвори.
Допрете за да се вратите наназад една страница.
Допрете за да одите нанапред една страница, т.е. на страницата која ја имате 
отворено по тековната страница. Ова е спротивно од она што се случува кога ќе 
го допрете копчето 
, кое ве води на претходната страница.
Допрете за да преминете на почетната страница.
 Допрете за да додадете нов прозорец.
Допрете за пристап до означените страници.
Прегледување на веб-страници
Допрете го полето за адреса, внесете веб-адреса и допрете Оди.