LG K10-LGK420N User Manual

Page of 467
Основи
20
Вклучување и исклучување на 
уредот
Вклучување на уредот
Притиснете и задржете на копчето за напојување/заклучување 
во траење од неколку секунди се' додека не се вклучи екранот.
Исклучување на уредот
1  
Притиснете и задржете на копчето за напојување/
заклучување се' додека на уредот не се појави менито со опции.
2  
Допрете Исклучување > OK за да потврдите дека сакате да го 
исклучите уредот.
Инсталирање на SIM картичката и 
батеријата
Вметнете ја SIM картичката испорачана од обезбедувачот на услуги 
за уредот и вклучената батерија.
 ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
• 
Не вметнувајте мемориска картичка во отворот за SIM картичка. 
Доколку се заглави мемориска картичка во отворот за SIM картичка, 
однесете го уредот до центарот за услуги на LG за да ја отстраните 
мемориската картичка.
 ЗАБЕЛЕШКА 
• 
Со уредот функционираат само нано SIM картички.