LG K10-LGK420N User Manual

Page of 467
Основи
36
Додавање на апликација кон областа за брзи копчиња
Од екранот Апликации или на почетниот екран, допрете и 
задржете на икона на апликација и повлечете ја до областа за брзи 
копчиња. Потоа спуштете ја на саканата локација.
Отстранување на апликација од областа за брзи 
копчиња
Допрете и задржете на саканото брзо копче и повлечете го кон  .
 ЗАБЕЛЕШКА 
• 
Копчето Апликации 
 не може да се отстрани.
Прилагодување на иконите на апликациите на 
почетниот екран
1  
Допрете и задржете на икона на апликација додека не се 
отклучи од нејзината тековна позиција, а потоа пуштете ја. 
Иконата за уредување 
 ќе се појави во горниот десен агол на 
апликацијата.
2  
Повторно допрете ја иконата на апликацијата и изберете ги 
саканиот дизајн и големина на иконата. 
3  
Допрете OK за да ја зачувате промената.
Панел за известувања
Известувањата ве информираат за новите пораки, настаните во 
календарот и алармите, како и за тековните настани, како на пр. за 
време на повик.