LG K10-LGK420N User Manual

Page of 467
Апликации
60
Допрете за префрлување помеѓу режимите за 
повторување на сите песни, повторување на тековната 
песна или за исклучување на повторувањето.
Допрете за да ја додадете песната во вашите омилени.
Допрете за да ја отворите тековната листа за 
репродукција.
Допрете за да пристапите до дополнителните опции.
Часовник
Апликацијата Часовник ви овозможува пристап до функциите 
Аларми, Тајмер, Светски часовник и Штоперка. Пристапете до овие 
функции со допирање на картичките во горниот дел од екранот 
или повлечете хоризонтално по екранот.
Допрете   >   >  .
Аларми
Картичката Аларми ви овозможува да поставите аларми.
1  
Допрете ја картичката Аларми.
2  
Допрете 
 за да додадете нов аларм.
3  
Прилагодете ги поставките соодветнo и допрете ЗАЧУВАЈ.
 ЗАБЕЛЕШКА 
• 
Можете да допрете и постоечки аларм за да го уредите.
Тајмер
Картичката Тајмер може да ве предупреди со звучен сигнал кога ќе 
помине поставеното време.
1  
Допрете ја картичката Тајмер.
2  
Поставете го саканото време на тајмерот. 
3  
Допрете Почеток за да го активирате тајмерот.
4  
Допрете Стоп за да го запрете тајмерот.